Игор Јакимовски го фати Светиот крст што архиепископот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан го положи во водите на реката Вардар во Скопје по нивното осветување на традиционалната манифестација што по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици се одржа на мостот „Слобода“ кај хотел „Холидеј Ин“.
„Оваа година крстот е за сите во знак на сплотеност и заедништво, порача групата учесници на церемонијата, во која немаше традиционално скокање по крстот, а учесниците го дочекаа заедно прегрнати“.
Јакимовски во изјава за МИА рече дека учествува на манифестацијата 29-ти пат и порача дека крстот е заеднички и оти со ваквиот начин на дејствување групата покажала сплотеност.







