На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 339 казни, информира МВР.
За возење без возачка дозвола казнети се 22 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење се 108 прекршоци, а за технички неисправни и нерегистрирани возила казнети се 16 лица.
Казнети се и седум мотоциклисти, а изречени се и 73 мерки за непрописно паркирање, како и 84 казни за неносење на заштитна маска.






