Тимот на катица Јанева добивал надоместок, понекогаш во висина на плата, поради „доверливоста на нивната работа околу прислушувањето“ а за кои морале „да молчат“ дознава „Код“ на Телма ТВ.



Според „Фокус“, оваа нформација, наводно, била класифицирана и обвинителите се обврзале да молчат за надоместоците „до крајот на животот“.

По завршувањето на мандатот на шефицата Катица Јанева никој не може да ја ослободи од тајност, дознава „Код“.

Додатоците на платата биле исплаќани по основ на договорни услуги. Токму ставката за договорни услуги е највисока во финансиските извештаи на СЈО за последните три години. Под договорни услуги се подразбираат исплати за вештачења, консултантски услуги, но и дотатоците кои се исплаќани на вработените, а кои се тајна одлука.

За договорни услуги најмногу се исплатени во 2018 година, или 2 милиони евра. Претходната година по овој основ се исплатени 1.600.000 евра од буџетот на СЈО, пишува „Фокус“