Во синоќешната на Министерството за внатрешни работи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на граничниот премин „Табановце“ била пронајдена кутија со денари, евра, швајцарски франци, американски долари и турски лири, потврдија за Телма полициски извори.
Информативната агенција на албански јазик „Журнал“ по полноќ објави дека на ГП „Табановце“ се случува “вистинско лудило… кога поголема група на цариници и полицајци, колеги на уапсените службеници, излегоа на протест, не дозволувајќи нивните колеги да завршат во станица.“
Претходно, тројца полицајци, меѓу кои командирот и заменик-командирот на полицијата на Табановце биле уапсени, а наводно биле претресени и нивните куќи, дознава весникот Коха од полициски извори.
Според “Коха“ она што е официјално е дека на полицајците им биле одземени сим-картичките на телефоните други работи.
МВР најави детали за акцијата утре, а првичните информации говорат дека е најдена кутија со пари од различни валути.
Акцијата беше причина за големиот застој на граничниот премин.
Колони возила беа заглавени на македонско-српската граница и по неколку часа, а граѓаните револтирани на социјалните мрежи објавуваа видеа и фотографии на кои се гледаа километарските колони на граничниот премин.







