Многу наставници во бараат враќање кон печатените учебнци, читањето, вежбање ракопис и посветуваат помалку време на таблети, независно од онлајн истражувањата и вештините на тастатура.



Враќањето кон традиционалните начини на учење е одговор на политичарите и експертите кои се прашуваат дали хипердигитализираниот пристап на земјата кон образованието, вклучително и воведувањето таблети во градинките, доведе до пад на основните вештини.

Шведската министерка за училишта Лота Едхолм, која ја презеде функцијата пред 11 месеци, е една од најголемите критичари на сеопфатното прифаќање на технологијата.

„На шведските ученици им требаат повеќе учебници“, рече Едхолм во март. „Печатените книги се важни за учењето на учениците“.

Тааминатиот месец преку соопштение најави дека Владата сака да ја поништи одлуката на Националната агенција за образование за задолжителни дигитални уреди во предучилишните установи. Планира да оди понатаму и целосно да го прекине дигиталното учење за деца под 6-годишна возраст, изјави Министерството за Асошиетед прес.

Иако учениците во земјата постигнуваат резултати над европскиот просек за способност за читање, меѓународната проценка на нивоата на читање во четврто одделение, забележа пад кај децата во Шведска помеѓу 2016 и 2021 година.

Во 2021 година, шведските четвртоодделенци во просек имале 544 поени, што е пад од просекот од 555 во 2016 година.

Сепак, тие заедносо децата од Тајван покажале седми највисок вкупен резултат на тестот.