Во Штип има временска машина, корупциски скандал или јасновидец

Лизгалиштето во Штип кое го монтира локалната власт укажува на три интересни сценарија во овој град.



Едното сценарио укажува на постоење на временска машина која може да го враќа времето назад или напред во зависност од потребите на локалната власт.

Другата опција е дека во Штип има корупциски скандал со тендерот за лизгалиштето за кој рокот за пријавување заврши на 21 декември а тоа беше поставено уште на 20 декември.

Третата опција во штипската приказна за лизгалиштето е дека меѓу локалните функционери на чело со градоначалникот Бочварски има наследник на Баба Ванѓа кому му дошло визија кој ќе победи на тендерот уште пред тој да заврши.

Според текстот на Слободен печат пренесен од МИА лизгалиштето во Штип било поставено на 20 декември а јавно објавениот тендер заврши на 21 декември.

“Веќе е монтирано лизгалиштето, кое е една новина во градот и за првпат се поставува, бидејќи сакаме да направиме иновации во делот на дочекот на Нова Година. Во текот на наредните 30 денови ќе функционира ова лизгалиште, овде на плоштадот ќе има поставено и неколку монтажни објекти, каде што ќе се продава и служи чај, а имаме и целосна концепција на настанот, што ќе значи доближување на новата година до граѓаните” изјавил Бочварски на 21 декември додека се уште траел тендерот.

https://www.slobodenpecat.mk/makedonija/shtip-za-prvpat-dobi-lizgalishte/

Нелогичниот тендер кој мириса на корупција го открија твитерџии

Линк до тендерот

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/ca56e722-0da9-42e5-a13a-e53c9b4eab4d/5