Шпанската влада го усвои првиот нацрт-закон со кој се дозволува секој над 14-годишна возраст законски да го менува полот без лекарска дијагноза или хормонска терапија, изјави владин извор.



Нацрт-законот за „самоидентификација“ предвидува старосни граници.

На адолесцентите на возраст меѓу 14 и 16 години ќе им треба одобрение од родителите за промена на полот, откако парламентот во мај го отфрли предлогот на повеќе политички партии за законска промена без никакви ограничувања.

Доколку законот биде усвоен, Шпанија ќе се приклучи на некои други земји, околу 20 од нив, каде што е можно промена на полот без медицинска дијагноза и ќе стане најголемата европска економија што воведува „родово самоидентификување “.