На денешната седница Владата одлучи дека училиште ќе можат да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат содветен документ.
„Во сите училишта да се примаат пријавите за упис во училиштата и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите сѐ додека не биде приложен соодветен документ, односно потврда за вакцинација“, соопшти Министерството за здравство.
Родителите кои ќе одбијат да ги вакцинираат децата ќе платат казна и за невакцинирање на детето, и за незапишување на детето во основно образование.
Извор: СДК





