Опозициската ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека насекаде во светот после поголема трагедија или несреќа која се случува во определен ресор, министерот, а некогаш и цела влада си дава оставка, само Филипче бега од одговорност и со Заев го обвинуваат кабелот.



„Многу министри низ светот и функционери кога поднесувале неотповикливи оставки можеле да најдат изговори, но сите имале морал и не го направиле тоа.

Филипче ќе остане запаметен како единствен министер кој после тешка несреќа во ресорот кој го води наместо да понесе одговорност прави театар со лажна оставка.

…Одговорност за трагедијата од Тетово ќе има. Колку и Заев да се труди да врши притисок врз органите на прогонот сега, веднаш по ослободувањето на системот од хибридниот режим ќе има одговорност за сите од прв до последен, вклучувајќи го и Филипче“, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.