Во септември живеачката поскапа за 6,6% за разлика од лани – Кој да ги слушне граѓаните кои едвај преживуваат?!

Инфлацијата и натаму останува висока, иако на хартија има благо намалување. Трошоците на живот во септември поголеми за 6.6%, споредено со истиот период лани. Храната поскапела за 7.8%, пијалаците за 7.9%, облеката за 5.1%, комунулаиите за 6.1%, мебелот за дури 10%.



Во септември најмногу поскапеле јајцата, сирењето, месото, шеќерот, чоколадите и рибата, со еден збор се – што граѓаните најмногу купуваат, или сега по ново, сакаат да купат. Едниствено има поевтинување кај маслото од речиси 28 проценти.

Поскапување во септември 2023:

Лебот:  3.8%

Месо:  12.5%

Риба:  8.5%

Сирење и јајца:  5.3%

Овошје:  12.9%

Зеленчук:  19.9%

Според кредитната агенција „Фич“, изминатиов период затегнувањето на монетарната политика и падот на дефициотот на тековната сметка придонесоа за враќање на едноцифрената инфлација, ама сепак таа и натаму останува многу висока кај храната. Сепак, закана за подгревање на инфлацијата, според Агенцијата, е растот на платите во јавниот сектор, иако не се земени в предвид поскапото ДДВ кај голем дел производите дополнително ги зголемуваат трошоците за живот.

Инаку храната во регионот, но и во Европа поевтинува, но кај нас тоа е само во најава, но не и во пракса. Инфлацијата, според ЕЦБ, се дека таа во Еврозоната ќе се спушти на 2%, за разлика од кај нас – неизвесноста кај ѓраѓаните само расте, но расте и песимизмот, но и стравувањата дека сиромшатијата уште повеќе може да го дотолчи и оната сиромашниот граѓанин.