
„Кога ние дадовме оставки како директори, како ВМРО-ДПМНЕ кога се разделивме од концептот т.е. новиот концепт на градоначалничката која што излезе од договорениот концепт со ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на сметката имаше околу 500 милиони денари, во септември 2022 година за после за само од пола година сметката има 56 милиони денари.
И кои што според нашите информации се блокирани односно одземени од сметката, а другите чекаат за да дополнително се приберат и за да се наплатат“, тврди Бојан Христовски, претседател на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.
Тој посочи дека тоа што Градот Скопје нема пари се должи на лошото менаџирање односно игнорирањето на секојдневни проблеми со кои што се соочува Градот и јавните претпријатија, и граѓаните во градот. И поради тоа Градот е доведен во незавидна ситуација.





