Во СДСМ се надеваат на прослава по средбата Мицкоски – Ескобар

Во СДСМ денеска, утре и задутре сите очи ќе се вперени кон американската амбасада во Скопје каде в петок треба да дојде до средба меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и високот функционер на американскиот Стејт Департмент Габриел Ескобар.



Високи членови на владеачката партија се надеваат дека на Мицковски ќе му биде пренесена остра порака од Вашингтон по која тој ќе мора да попушти во противењето на уставните измени за влез на Бугарите.

Сценариото во СДСМ е просто и тоа веќе не се крие туку отворено им се кажува на партиските функционери и членови.

Според очекувањата на Бихаќка по средбата со Ескобар и промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ кое по американски притисок ќе мора да гласа за уставните измени, ќе дојде до пад на рејтингот на Мицкоски и неговата партија по што на изборите може да победи таканаречената Европска коалиција а СДСМ ќе владее уште најмалку четири години.

Од таму веќе не зборуваат за заминување на Мицкоски под притисок на САД.

Во СДСМ признаваат дека може да се случи притисокот да не вроди со плод веднаш но дека до крајот на септември ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да попушти пред интересот на западните сојузници и геостратешките прилики.

Доколку Мицкоски попушти в петок во партијата се подготвени за (полу)дискретна прослава.