Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа привеле С.С.(34) од с.Арнакија, општина Сарај.
Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, а за него била распишана централна потерница по наредба на Казнено – поправната установа Затвор Идризово.
Лицето било спроведено „Идризово“ за доиздржување на доиздржување на казна затвор од две години и осум месеци.







