Македонската влада на 11 февруари ќе се задолжи за нови 50 милиони евра што ако се поделат на 2 милиони граѓани на земјава значи дека задолжувањето Per Capita или секој граѓанин ќе должи по 2,5 евра или 150 денари.
На официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 3.000.000.000 денари или околу 50 милиони евра.
Експертите алармираат за огромните задолжувања која ја следат оваа влада посебно и поради отсуството на капитални инвестиции, инфраструктури и стратешки проекти.
Во исто време јавниот долг ја надмина психолошката граница од над 50 % од БДП што според економистите е опасен факт посебно за слаба економија како што е македонската.
Пред да дојде на власт СДСМ беше главен критичар на задолжувањата но од кога се во владејачка позиција долговите на државата продолжија да растат.





