Во пресрет на одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија, овој септември е прогласен за месец на македонско-американско наследство, изјави гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер.
„Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница“, се наведува во известувањето.
Во прокламацијата од гувернерката Витмер пишува дека македонските имигранти почнале да доаѓаат во САД од пред повеќе од еден век, а денес има над половина милион Американци со македонско потекло во државата.
„Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“, пишува во известувањето.






