Американската држава Алабама синоќа го погуби Кенет Смит, кој беше осуден на смрт со нов и непроверен метод – тој е првиот човек во светот егзекутиран со употреба на чист азотен гас…



Алабама и две други американски држави ја одобрија употребата на азотна хипоксија (недостаток на кислород) како алтернативен метод на егзекуција, бидејќи лековите што се користат во смртоносните инјекции потешко може да се најдат…

Ова го означи почетокот на сосема нов метод на егзекуција, за кој експертите предупредија дека таквото погубување може да предизвика прекумерна болка.

Смит е еден од двајцата осудени за убиство на сопруга на свештеник од Алабама во 1989 година.

Тој е исто така еден од ретките луѓе во Америка кој два пати го поминал процесот на егзекуција: Во 2022 година, Смит требало да биде погубен со смртоносна инјекција, но „егзекуторите“ не успеале да ја погодат вената поради тешките исеченици на раката.

Овој пат егзекуцијата беше успешно извршена. Смит починал во 20:25 часот по локално време, соопштија официјални лица, како што пренесе Си-Ен-Ен.

Сведоците на настанот изјавија во заеднички извештај дека Смит пред неговата смрт рекол:

„Вечерва човештвото направи чекор назад поради Алабама. Заминувам со љубов, мир и светлина, ви благодарам што ме поддржувате, ве сакам сите.

Тие додадоа дека се чинеше дека бил свесен неколку минути по почетокот на егзекуцијата и дека се тресел и се грчел две минути.

Потоа почнаl да дише многу длабоко, додека не се онесвести. Сведоците тврдат дека егзекуцијата траела околу 22 минути, а Смит останал свесен неколку минути.

Некои медицински експерти го осудија извршувањето на азот, предупредувајќи дека тоа може да предизвика низа катастрофални исходи, од насилни конвулзии до преживување во вегетативна состојба, според Би-Би-Си.