Во Русија се пријавени 10.633 нови случаи на коронавирус утрово, соопшти оперативниот штаб на земјата.
Денешниот број на нови случаи од Ковид-19 е засега највисок.
Најлоша е ситуацијата во Москва, каде се наоѓаат речиси 60% од новоинфицираните – или 5.948.
Во земјата веќе починале 1.280 заразени со коронавирус.
Во моментов,регистрирани се 134.687 луѓе болни и Русија останува на седмото место во светот според ширењето на коронавирусот (по Германија и пред Турција), но исто така е и втора во светот по бројот на тестови.
Извршени се 4,1 милиони тестови (веднаш зад САД кадер се тестирани 6,5 милиони луѓе), а на дневно ниво се прават 174 илјади тестови.




