Ротердам ќе демонтира историски мост за да се овозможи минување на суперјахтата изградена за основачот на Амазон, Џеф Безос, објави Би-Би-Си.
Луксузната јахта за најбогатиот човек на светот ја гради холандската компанија Oceanco. а наводно била долга 127 метри и превисок за да помине под мостот Конингшафен (Koningshaven).
Портпаролот на градоначалникот на Ротердам го потврди планот пред новинарите, велејќи дека Безос ќе ја плати сметката за демонтирање.
Новинската агенција АФП ја цитираше канцеларијата на градоначалникот дека работните места создадени со изградбата на бродот го оправдуваат планот и вети дека мостот ќе биде повторно изграден во сегашната форма.
„Тоа е единствениот пат до морето“, додаде портпаролот на градоначалникот.
Во вторникот во холандските медиуми се појавија информации дека средниот дел од мостот, привремено ќе биде отстранет за да може да помине јахтата висока 40 метри.
Позната како Y721, јахтата на Безос ќе биде најголемата од ваков вид во светот, според Boat International.






