Во Рига организираа симболичен погреб на Путин

Во главниот град на Латвија, Рига, активисти организираа симболичен погреб на Путин.



Пред во руската амбасада бил донесен ковчег преку кој имало карикатура на рускиот претседател, објави Укринформ.

„Погребната поворка“ поминала низ центарот на градот со знамето на Латвија и Украина.

Ковчегот бил донесен до самата ограда на амбасадата, а потоа ил поставен на спротивната страна на улицата, каде беше одвоено место за деноноќен протест против руската агресија во Украина.

Видео од акцијата беше објавено на социјални мрежи.