Во политичкото раскинување меѓу градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски солзи течат кај 1300 вработени во ЈСП, тврдат извори во град Скопје кои даваат објаснување за новата криза во градското сообраќајно претпријатие кое пак не може да земе плата.
Изворите на expres.mk тврдат дека во моментов се случува раскол меѓу лидерката на Нова Алтернатива и ГРОМ кој го дава директорот на ЈСП Скопје.
Откако Данела Арсовска дознала дека на следните избори ГРОМ ќе оди сама без нејзината партија која таа ја ,,купи” затоа што не можеше да собере 1000 потписи се случува хаос во ЈСП иако Советот на град Скопје пред еден месец даде фантастични 11 милиони евра за ова претпријатие, тврдат извори во ЈСП кои најавуваат дека вработените деновиве може да протестираат пред канцеларијата на градоначалничката.
Дали Данела не сака да ги префрли парите на ЈСП заради конфликтот со Јакимовски или во касата на град Скопје нема пари за вработените е сосема неважно, велат изворите кои најавуваат радикализација и прашуваат каде се парите.
Тие бараат плати веднаш инаку од утре ќе нема градски превоз во метрополата.
Со распишување на изборите Арсовска веќе не може да го смени директорот ја ЈСП од Гром кој во последната криза со плати штрајкуваше заедно со вработените.
Според најавите од ГРОМ тие не размислуваат да одат на избори со Данела Арсовска затоа што не сакаат на избори да одат во коалиција со човек – партија кој само ќе нанесе штета.






