Во прогонот на Жан Митрев обвинителството користи документи и снимка со лажен датум, превод и извор

Обвинителството во случајот Жан Митрев презентира докази со погрешен превод, снимкa со погрешeн датум и медиум и “читаше” документи без да ги отвори класерите.



На последното рочиште јавната обвнителка Искра Хаџи Василева која во име на обвинителството го гони Жан Митрев и неговата клиника вршеше натамошна презентација на писмени докази со груба повреда на непосредноста на изведувањето на доказите донесувајќи се спротивно на наредбата на Судот од претходното рочиште дека сите докази треба да се читаат на рочиштето заради запазување на начелото на непосредност и почитување на Законот за кривичната постапка – член 392 став 4.

На последното рочиште тоа не беше сторено туку јавноста присуствуваше на “читање” на докази кои што беа скриени во картонски класери и никој во судницата не виде што во тие класери има, дури и презентацијата започна и физички да ги нема класерите со документи, но на приговор на одбраната беа донесени но останаа неотворени, а беше наведено дека се презентираат документите кои наводно се внатре.

При презентацијата на Одобрението на производителот на филтри за хемофилтрација зборот за итна употреба (emergency use) беше погрешно преведен како вонредна употреба што суштински ја менува смислата на самиот документ.

Обвинителката предложи емитување на снимка наводно емитувана во јуни 2020 година на Канал 5 (во време на пандемијата) но се покажа дека тоа е снимка која е емитувана 2 години подоцна на сосема друг медиум и тоа надвор од периодот на кој се однесува обвинението. На приговор на одбраната после подолга пауза обвинителката со техничка помош изјави дека тоа биле технички грешки во Листата на докази.

Јавноста и невладините организации кои следат дали се одвива фер судење останаа збунети од презентација на докази чија содржина беше скриена од јавноста наместо да бидат изведувани непосредно на расправата и за судот и за странките и за јавноста. Се имаше впечаток дека се присуствува на судења од периодот на “Среќна нова 49та”. Изненадувачки за јавноста беше тоа што судијата го дозволи ваквиот тек иако на претходното рочиште нареди презентацијата на доказите да се врши со читање, со детално објаснување дека така децидно предвидува Законот за кривична постапка и со тоа се почитува начелото на непосредност во изведувањето на доказите.

На претходните рочишта обвинителката потврди дека на сведоците, односно пациентите на Клиника Жан Митрев им ја читала групно Наредбата за истрага, со која таа директно ги наведува дека се чувствуваат измамени и оштетени од д-р Жан Митрев, по што им земала исказ на истите сведоци. Клиника Жан Митрев на пациентите лекувани од Ковид-19 им има вратено депонирани средства во вкупен износ од 34.995.700 денари. Ова беше презентирано на претходното судско рочиште како доказен материјал на обвинителството, со што сами го побија обвинението во овој монтиран процес против Жан Митрев.