Во продажба ново дело на академик Ќулафкова

Викајте ги на нашето име
Викајте ги нив, ние ќе се одѕиваме.



Некогаш слика на светот, денес сенка.
Денес сенка, утре слика на светот.

Кога има понизност, има ропство!
Кога има достоинство, има слобода!

Ова се стихови од најновата книга поезија, МОИ СТРАСТИ, МОИ СТРАДАНИЈА, која од денес е во продажба во книжарниците на Издавачкиот центар ТРИ во Скопје!

Еден од најголемите живи македонски интелектуалци критичари на промена на името и урнисувањето на статусот на македонскиот јаџик Академик Катица Ќулафкова, во својата книга порачува “Кај што има залез, ќе има и излез”.

Катица Ќулавкова e родена во Велес. Дипломирала на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Подоцна и магистрирала на истиот факултет на темата: „Метафората и современата македонска поезија“. По магистратурата, докторира на Филозофскиот факултет во Загреб на тема: „Одлики на лириката“.

Од нејзиниот докторат во 1984 таа работи на Филолошкиот факултет во Скопје како професор по теорија и методологија на проучувањето на книжевноста на Катедрата за општа и компаративна книжевност, и е на оваа позиција до денешен ден. Една година работела при Лекторатот по македонски јазик и литература во Париз на INALCO.

Била претседател на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1978 година. Во 2003 таа е избрана за член на Македонската академија на науки и уметности.