Рудниците „Бучим“ и „Боров Дол“ на 25 најдобри работници ќе им додели парични награди по 15.000 денари, а останатите од вкупно 650 вработени, 364 во „Бучим“ и 286 во „Боров Дол“ кои имаат просечна плата од 580 евра, ќе им се додели по 3.000 денари. Ова се случува за денот на рударите 28 август. Ама токму денот на рударите исфрли на површина многу дилеми во однос на оваа гранка, и уште повеќе ја акцентираа потребата од итно обновување на нејзината стратегија. Познавачите на состојбите се се погласни во барањето дека е крајно време конечно да ја утврдиме насоката во која што треба да се движи рударството, објави „Локално“.
За поранешниот извршен директор на БУЧИМ и долгогодишен претседател на МАР- Николајчо Николов, актуелната негативна кампања е погубна, имајќи го предвид фактот дека рударството е сеуште значителна стопанска гранка во државата.

Коментирајќи ги главните дискусии за тоа дали некаде треба да се отвори нов рудник, го оценува како исклучително негативен и паушален изразот „рудници на смртта“.
- – „Има голема стагнација и смален интерес кај инвеститорите и за одбележување е фактот дека за последните 40 години во нашата земја е отворен само еден нов рудник-БОРОВ ДОЛ кој всушност преставува површински коп и пролжување на векот на работа на БУЧИМ за минимум 10 години каде се преработува бакарната руда“, вели Николов за „Локално“.

Затоа, според него, од круцијална важност е со обновување на стартегијата за оваа гранка да се утврдат стратегиите за земјоделството за на тој начин да се расчистат дилемите што е поважно и колку суштински штетно влијае на квалитетното земјоделство.
На потребата од дистанцирање од актуелната негативна кампања во однос на рударството укажува и претседателот на СИЕР – Игор Герасов. Потсетувајќи дека рудниците Саса и Бучим, работат 60-70 год,посочува дека истите имаат нови филтри кои ги спречуваат штетните појави од производството, поради што се нема впечаток дека околината е загадена. Инаку, рударството учествува со околу 10% во индустрискато проиузводство, а просечните плати на вработените се значително повисоки од оние во другите индустриски гранки, Така на пример, платата во САСА изнесува повеќе од 1000 евра, а во БУЧИМ над 600 евра (нето). Вкупно вработени во оваа гранка има околу 12.000 додека во обоените метали има нешто повеќе од 2.500 вработени.





