Обвинителката Вилма Русковска најверојатно ќе се врати на местото кое и било во мирување, односно во скопското обвинителство, каде што пак шеф е обвинителот Гаврил Бубевски, дознава „Фокус“.
Тоа ќе се знае в понеделник за кога е закажана следна на Советот на јавните обвинители, на која се очекува да се расправа каде ќе биде работно место на Русковска, бидејќи и заврши мандатот во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а од друга страна – е суспендирана.
Според „Фокус“, суспензијата на Русковска ќе и продолжи и во ова обвинителство, бидејќи таа и важи општо за обвинителската функција.






