Политичката битка меѓу власта и опозицијата се претвора во отворена војна во која не се бираат средства за остварување.
Еден од главните медиумски бранители и промотори на премиерот Заев и неговата влада Бранко Тричковски во политичката препирка ги вметнува малолетните деца на лидерот ма ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Употребувајќи ги во политички контекст и алудирајќи на приватни работи и односи Тричковски со инволвирање на деца кои се далеку од полнолетство прекршува низа правила од новинарските но и политичките кодекси на однесување.

“Кога му се родиле децата, Мицковски отишол на Телма и изјавил дека за се е виновен Заев!”, пишува некогаш влијателниот Тричковски кој во обидот да оствари некакво јавно влијание се почесто се користи со навредливи јавни пораки.
На фотографијата Тричкоски е сликан во Владата на РМ





