Началникот на полицијата во Општина Прилеп е уапсен по денешната голема полициска акција во која била запленета дрога.
На Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека во акцијата била запленета дрога во вредност од над 800.000 евра и дека е привиден висок полициски службеник.
Спасовки соопшти дека акцијата на полицијата се извршува заедно со американската Агенција за борба против наркотици (ДЕА).
Според порталот СакамДаКажам припадниците на МВР денеска околу 14 часот пресретнаа камион натоварен најверојатно со марихуана, во вредност од 800.000 евра. Дрогата била транзит низ Македонија. Во полициската акција која сè уште трае уапсен е командирот на полициската станица Прилеп, Кире Спиркоски.







