Косовски извори за во Скопје најавуваат протест за поддршка на Косово и против српските вооружени блокади на северот од Косово.
Собирот за поддршка и солидарност со Косово е предвиден да се одржи задутре петок, 29 декември 2022 година.
Според најавата протестот треба да се случи пред Амбасадата на Србија во Македонија.
Протестот го организира организацијата на Здружението на албански затвореници на совеста во Македонија.
Македонските власти се уште не ја потврдиле информацијата која ја пласираат и македонски Албанци.
Протестот е најавен кога на северот од Косово доаѓа до кулминација на тензиите меѓу Приштина и косовските Срби а владата во Белград испрати војска на границата со Косово.
Вчера сличен собир се случи во близина на српската амбасада во Тирана.
Во Тирана протест за Косово со мапи на Голема Албанија (ВИДЕО)
Фото: Протест Тирана






