На камерите од граничните премини на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), се забележува дека за влез во Грција од македонска страна на границата голем број возила кои чекаат распоредени во пет колони, од кои четири се со возила, а една со камиони.
За излез од државатасе чека до 30 минути…
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП ‘Богородица’ за излез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На другите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата“, пишува во извештајот за состојбата на патиштата што АМСМ го објавил пред неполн час.







