Мала руска православна црква изгоре во Париз, јавија АФП и други медиуми.
Агенцијата забележува дека се уште не се знае дали пожарот бил намерен или случаен.
Внатрешноста на црквата Свети Серафим Саровски, мала дрвена зграда во 15-та област на главниот град, била „целосно уништена од пожар“ во неделата попладне, без жртви, соопшти пожарникарската служба.
Тројца присутни го пријавиле инцидентот што се случил за време на католичкиот Велигден.
За разлика од католиците, годинава православните верници Велигден не го славеа изминатиот викенд, туку на 23 и 24 април.








