Во Отворен Балкан ќе бевме и без сменето име, порака до СДСМ од екс пратеник

Екс пратеникот Илија Димовски бара власта да не се фали со проектот Отворен Балкан затоа што до него ќе се дојдеше секако дури и без Преспанскиот договор.



,,Во Open Balkan ќе бевме и без да го сменевте името и без да го поделите и деформиравте идентитетот…

Затоа, немојте фалби за проект кој што е очигледна замена за вашите лажни ветувања и ништо повеќе од вечна чекална за ЕУ…”, пишува Димовски за проектот кој претходно владините креатори на јавното мислење го претставуваат како огромен успех на власта на СДСМ и ДУИ.

Освен редовни средби на земјите што го поддржуваат проектот тој засега не донесе сериозни поместувања во економијата и политичките односи во регионот.