Годинешниве нобеловите награди ќе бидат доделени денеска 10 декември во Осло и Стокхолм, традиционално на годишнината од смртта на Алфред Нобел.
Најпрестижната, Нобеловата награда за мир, во Осло ќе биде доделена на белорускиот активист Алес Бјаљак, на организацијата за човекови права „Меморијал“ од Русија и на Центарот за граѓански слободи од Украина.
Во Стокхолм ќе бидат доделени наградите на нобеловците за медицина, физика, хемија, економија и литература чии победници беа објавени во октомври,
Секоја награда на добитникот му носи чек во износ од 10 милиони шведски круни (900.000 евра). Доколку има повеќе победници, таа сума се дели меѓу нив.
Првите Нобелови награди се доделени во Стокхолм, Шведска, во областа на физиката, хемијата, медицината, литературата и мирот на 10 декември 1901 година. Церемонијата се одржа на петгодишнината од смртта на Алфред Нобел, шведскиот пронаоѓач на динамитот и други силни експлозиви.
Во својот тестамент, Нобел наложил најголемиот дел од неговото огромно богатство да биде сместено во фонд во кој каматата „годишно ќе се распределува во вид на награди на оние кои во текот на претходната година ќе му дале најголема корист на човештвото“. Иако Нобел не понуди јавна причина за неговото создавање на наградите, нашироко се верува дека тој го направил тоа од морално жалење поради сè поубиствените употреби на неговите пронајдоци во војна.







