Во Охрид продолжува промената на историјата на Македонија (И Грција?)

Утрово во Охрид започна четвртатата работна средба на Заедничкиот мултидисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција.



Средба на Комитетот воспоставен со член 8 став 5 од Договорот од Преспа треба да расправа за повеќе теми со фокус на учебниците по историја.

Иако во македонскиот дел од комитетот има само еден историчар извори во меѓудржавното тело тврдат дека засега работата на комисиите се одвива без потешкотии и дека ако Грција сака решене на за нив спорните прашања ќе мора да работи по истите принципи кои се однесуваат и за Македонија.

Предходната средба на комитетот се одржа во Атина на 12 и 13 април, а според заедничкото соопштение на двете министерства за надворешни работи, состанокот поминал во пријателска, конструктивна и позитивна атмосфера и „беше остварен напредок во однос на исполнувањето на задачите на Комитетот и беа потврдени и дополнително елаборирани заклучоците од втората средба“.

„Двете страни се согласија да продолжат со имплементација на мандатот што им е доделен со Преспанскиот договор, во рамката на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа. На средбата беа разгледани и дискутирани курикулумите на двете страни, а исто така се разговараше и за учебниците по историја“, соопштија минатиот месец од двете министерства.