Бугарски скулптор: Во односите меѓу Бугарија и Македонија добитници треба да се и двете земји

Среде напрегнатите односи меѓу Македонија и Бугарија по бугарското условување на македонската евроинтеграција со откажување од македонскиот јазик и од малцинството во Пиринска Македонија, малку поинаков поглед од бугаарскиот скулптор Андреј Врапчев.



„Повторно паднавме во судир, наместо да ја искористиме инерцијата од потпишување на Договорот за добрососедство, и ова ги стави двете општества во ситуација на стрес, на конфликт. Идејата беше да направиме позитивен настан, бидејќи јас не сум сам во тоа да се вратат работите во подобар тон, зошто во конфликт секогаш мора да има губитник, а во односите меѓу Бугарија и Македонија мора да има двајца победници“, изјави Врапчев за Радио Благоевград

Тој и неговите истомисленици на 9 мај му подарија метална скулптура на срце на вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Бугарија, Владимир Крстевски, при што Врапчев му се обрати со зборовите: „Денес, на Денот на Европа, ви го нудиме нашето срце и веруваме дека патот за Европа е успешен за вас. Сакаме да ги излечиме сите рани, затоа што кога има недостиг од љубов, проблемите остануваат вечни. И за да ги излечиме раните, мораме да си ги признаеме гревовите“.

„Јас сум оптимист дека разумните луѓе и во двете држави ќе успеат и оти за неколку децении сè ќе ни изгледа неразумно наивно“, заклучи Врапчев.