Во обид да одговори на аферата ,,Броило – Соларен Картел” СДСМ во соопштение во кое уште во насловот го обвинува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека бил по ,,Тендри”.
Од згрешениот наслов на соопштението читател може да се помисли дали Мицкоски е по тенди но од текстот се гледа дека насловот на СДСМ е грешен и тие мислеле на тендери.
Без да дадат одговор на информациите на А1ОН според кои Ковачевски е дел од група која заработувала и добивала милиони народни пари СДСМ тврди дека нивниот шеф работеле да се спречи кризата а го обвинува Мицкоски за корупција без да приложи аргументи и докази за тоа.
,,Додека СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски преземаат мерки за надминување на енергетската криза, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се посветени на тендери и провизии, на лични и бизнис интереси наместо на интересите и потребите на граѓаните.
Скопје и општините кои ги раководи ВМРО-ДПМНЕ една година се во стагнација, нема реализирани проекти, нема мерки за помош на граѓаните.
Шпицниот градоначалник Мицкоски со неговите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво ги покачуваат комуналните услуги и директно брцаат со рацете во џебот на граѓаните.
Онаму каде е ВМРО-ДПМНЕ локална власт се покачуваат локалните комунални услуги, на штета на граѓаните и нивниот економски стандард”, пишува СДСМ во своето денешно соопштение.





