Во новиот објект на министерството на Груби прославен 62. роденден на Ахмети

Новото седиште на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кои неговиот шеф и прв вицепремиер Артан Груби ги нарече „нашиот нов дом“, истиот ден кога беше официјално отворено послужи и за прослава на 62. роденден на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.



Покрај славеникот и Груби, свеченоста со своето присуство ја „увеличија“ уште 13 државни функционери од нивната партија, меѓу кои спикерот на Собранието, Талат Џафери, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за заштита на животната средина Насер Нуредини, министерот за економија Крешник Бектеши итн.

Ниту почесниот доктор на Државниот универзитет во Тетово, роден на 4 јануари 1959 година во Зајас, ниту сопартијците присутни на прославата не носеа заштитни маски.