Македонските граѓани што се враќаат во земјава преку аеродромот во Ниш пријавиле дека уште на самиот аеродром имаат можност за 50 евра да купат фалсификуван негативен ПЦР-тест за коронавирус, пишува МКД.МК.
Превозниците што влегуваат во Македонија на граничниот премин Табановце пријавуваат дека за 65 евра таков негативен тест без проблем можат да купат по бензинските пумпи кај Врање, пишува порталот.






