Нeпознати напаѓачи запалиле резиденција на католички свештеник во северозападна Нигерија. Едниот свештеник изгорел до смрт, додека другиот бил застрелан кога се обидел да избега, пренесува Ројтерс.
Поради овој напад, нарушена е довербата во безбедносните власти на Нигерија, најнаселената африканска земја, која треба да одржи претседателски избори.
Мотивите на вооружените напаѓачи не се познати.
Но, муслиманскиот север на Нигерија е полн со џихадисти кои 14 години се борат за воспоставување калифат.







