На 21 јуни, кабелските оператори ќе ги исклучат сите програми освен МТВ, во знак на протест поради неуспехот да се реши спорот со националните телевизии.



„За време на прекините на екранот ќе ја испишеме причината за истото, со цел да ги запознаеме нашите корисници и општата јавност со она што ги очекува кон почетокот на август оваа година како резултат на донесената Уредба од Влдата“, се вели во писмото на кабелските оператори.

Кабелските оператори, според Фактор, испратиле допис дека се принудени да почнат со времени прекини во реемитувањето до техничкиот премиер Оливер Спасовски, до министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, до шефот на државата Стево Пендаровски, до спикерот Талат Џафери, до директорот на АВМУ Зоран Трајчевски, до директорот на АЕК Сашо Димитријоски, како и до странските амбасади Кејт Мари Брнз, Самуел Жбогар, Томас Герберих и Георг Вуцас .