Во “не дај боже” сценарио Заев и Филипче тужени за загрозување живот

Доколку некој граѓанин се соочи со тешки здравствени последици или не дај боже смрт како резултат на Ковид-19 може да поднесе тужби за загрозување на животот и здравјето!



Ова врз основа на споредбата меѓу соседните држави и однесувањето на македонските власти го пишува пратеникот Антонио Милошоски кој е правник но и познавач на меѓународните правни механизми.

“Од пред два дена во Србија, Грција, Словенија, Турција и други земји во регионот започна вакцинирањето против Ковид19, како здравствена мерка.

Во Македонија државата нема набавено ни вакцина, ниту има стигнато милостина од државите кои навремено си обезбедиле вакцини од производителите. Со тоа од страна на државата сериозно е повредено граѓанското право на живот, со ненавремена и неефикасна здравствена заштита.

Затоа од вчера па натаму, секој граѓанин или семејство, кој/кои ќе претрпат посериозни штетни здравствени последици од Ковид19, или истото резултира со трагичен исход по животот на граѓанинот, има законско право да ја тужи државата за тоа и тој/таа или блиското семејство да бара обесштетување.

Основа за заштита на ова право на граѓанинот, како и основа за тужба пред македонските судови или пред Судот во Стразбург се членот 39 од Уставот,
член 2 од Конвенцијата за заштита на човековите права, како и обврските на државата утврдени во Законот за здравствена заштита”, пишува Милошоски.