Најбогатиот дански милијардер Андерс Холч Повлсен потврди дека три од неговите четири деца загинаа во терористички напад во Шри Ланка за време на Велигден, пренесува „Дејли мејл“! Семејството било на туристичко патување во оваа земја кога се случија 8-те крвави напади на цркви и хотели.



Повлсен (46), е сопственик на меѓународниот синџир продавници за облека Бестселер , најголем акционер на британскиот ASOS и втор по големина акционер на германската онлајн продавница Zalando.

Тој поседува 89.000 хектари земјиште во Шкотска, што го прави најголемиот приватен земјопоседник во таа земја. Според Форбс, 2018 година, Повлсен е најбогатиот Данец во светот, бидејќи е “тежок” на 7,9 милијарди долари.

Веста беше потврдена и од директор за комуникации во Бестселер.

 За жал, ја потврдуваме тажната вест. Те молам почитувајте ја приватноста, немаме дополнителни коментари “, рече тој.

Седум бомбаши-самоубијци убија најмалку 290 лица во координирани напади врз цркви и хотели со пет ѕвезди на Велигден.