Во нацрт-заклучоците од претстојниот Совет на ЕУ до кои дојде МИА не стои датум за преговори со Македонија,



Овие нацрт-заклучоци, кои треба сѐ уште да бидат разгледувани и на експертско, амбасадорско и потоа министерско ниво, не се конечни, но за сега шансите за консензус помеѓу земјите членки за одредување датум за преговори се минимални, Јави дописничката на МИА од Брисел.

Во заклучоците, сепак, ЕУ признава дека Македонија ги исполнила условите за почеток на преговори.

За разлика од минатата година, главна пречка за стартот на преговори овој пат е Германија, а не Франција велат дипломатите во Брисел, и веруваат дека Париз е подготвен да попушти за датум во јуни или јули.

Информацијата која се провлече вчера во јавноста дека била донесена конечна одлука на амбасадорско ниво да нема датум во јуни е погрешна, јавува МИА.