Во МВР на Спасовски надвор од законот е вработен правосилно осуден криминалец

Во МВР кое 7 години го води Оливер Спасовски надвор од законот и процедурите е вработен правосилно осуден криминалец.



Ова денеска го откри екс јавниот обвинител Војо Димоски од Охрид кој додека бил обвинител го гонел лицето кое сега носи полициска униформа.

,,Паметам, пред неколку години бев поднел обвинение против еден за тешка кражба. На едно од судењата, обвинетиот ми вика: Обвинителе дај батали го ова обвинениево, ако ме осудат нема да можам да конкурирам за работа во полиција!
Судот го осуди, правосилно !
Утрово го видов обвинетиот. Во полициска униформа”, објавува Димоски.

Според законот за полиција во МВР не смеат да работат луѓе луѓе правосилно осудени за било каков криминал.

Министерот Спасовски во чие време се случил скандалот и кој е најсериозен кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ молчи за индиректното обвинување дека дозволил вработување на осуденик во МВР.