Посетата на поглаварот на католичката црква во оваа претежно будистичка земја е гест на поддршка за малата католичка заедница, која брои околу 1.400 верници во вкупното население од три милиони жители.
Ова е второ патување на папата во регионот за една година, по она во септември 2022 година на Казахстан, што исто така се сметаше за стратешка посета во геополитички контекст.
„Ова е јасен напор на Светата столица да се грижи за Централна Азија и да не ја остави на Русија или Кина“, анализира за АФП Мишел Шамбон, експерт за католиците во Азија.
Ова папско патување, 43-то во деценијата во која тој е на чело на Католичката црква, е клучна и за односите на Ватикан со Пекинг и Москва, каде што папата Франциско се’ уште не е поканет.






