Британски медиуми, повикувајки се на локални извори, јавуваат дека неидентификувани лица во центарот на Минск ја киднапирале Марија Колесникова, лидер на протестите во главниот град на Белорусија и ја однеле со комбе во непознат правец.
Соработниците на Колесникова ги проверувале овие извештаи на медиумите!!!
Белоруската полиција соопшти дека уапсила 633 лица на вчерашниот протест против претседателот Александар Лукашенко, кој владее 26 години и победи на изборите во август, чиј легитимитет оттогаш беше оспоруван од опозицијата и нејзините приврзаници на масовните протести.
Во притвор се наоѓаат уште 363 лица кои чекаат судење.
Ова е најголем број приведени од 9 август, кога Белорусите изразија незадоволство од резултатите на изборите, за кои сметаат дека се наместени, на масовниот протест, кој беше задушен од безбедносните сили.






