Вкупниот број на населението во Северна Македонија изнесува 1.836.713 граѓани, додека бројот на нерезидентното население е 260.606 лица, коишто беа опфатени со пописот спроведен во септемвриминатата година, соопшти првиот човек на Државниот завод за статистика,Апостол Симовски.
Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, а од административни извори биле преземени податоци за 132.260 граѓани.
„Од вкупниот број попишани граѓани, резидентни и нерезидентни, Македонци се 54,21 %, Албанци, 29,52 %, 3,98 % Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи“, информираше Симовски.
Од резидентното население, 58,44% се Македонци, а 24,3% се Албанци, соопшти Симовски.






