700 000 – 800 000 луѓе имаат само еден оброк во денот во Македонија, информира Отец Оливер Петровски во изјава за МИА на одбележувањето на Светскиот ден на гладот – 16 октомври. Половина од вкупниот број, за жал, се деца.
-Институциите најверојатно ќе излезат со бројка од 500 000 што не е точна, според нашите информации и хуманитарни акции на терен, бројката на оние луѓе кои немаат оброк или имаат само еден оброк во текот на денот е некаде околу 700 000, за жал половината од нив се деца, тоа се оние дечиња кои секојдневно ги поминуваме и се трудиме да не ги погледнеме во очи затоа што нели тогаш моежби би се виделе самите ние во нив, значи да не го тргаме погледот да им помогнеме без разлика на вера на нација затоа што детето е дете не знае ни за вера, ни за нација, а за жал знае за глад, порача отецот.
Тој посочи дека кризите, односно зголемените цени на основните продукти влијаело и врз намалување на донациите за гладните.
– Се надевам дека ќе успее народот да ја врати онаа финансиска или економска стабилност за да можат да помагаат на сите останати, изјави тој.
Оцени дека државата оваа група на граѓани воопшто не ја интересира.
Информира дека денешната хуманитарна акцијата која е во организација на „Свети Спас“ трае само денеска, но не ја исклучи можноста во иднина да има уште една ваква акција.
-Порано во склоп со акцијата „Сите сити“ организирано од Ајде Македонијо се правеше двапати во текот на годината изминатите пет години, ова е вторпат како ние самостојно ја правиме со тоа што сега отворивме 10 пункта, наместо три како што имавме претходно, рече тој.
Во текот на денот пунктови за донирање ќе можат да се најдат пред Супертинекс –првомајска и тоа во периодот од 12 до 20 часот, Веро Џамбо од 12 до 20 часот, Веро во населба Аеродром од 12 до 20 часот, потоа Зур маркет во населба Драчево од 08:30 часот до 20 часот, Стокомак во Драчево во периодот од 14 до 20 часот, кај Стокомак во населба Автокоманда, Веро во населба Тафталиџе, Зур маркет во Ѓорче Петроб од 12 до 20 часот, Дим маркет село Стајковци од 12 до 20 часот, Стокомак во Илинден и Бутел од 12 до 20 часот и Магацинот на организацијата од 10 до 20 часот.
Извор : Миа.мк






