Во Македонија тече операција за создавање на меѓуетнички тензии

Во Македонија се случува планирана акција која има цел да предизвика дополнителен анимозитет и тензии меѓу етничките заедници, тврди доброинформираниот новинар Борјан Јовановски, сопственик и уредник на порталот Новатв и дописник на Euronews од Македонија.



“Во тек е политичка операција за создавање на тензии во меѓуетничките односи”, пишува Јовановски на својот Твитер профил без притоа да даде објаснување кои се факторите кои работат на зголемени тензии меѓу етничките заедници.

Информациите на Јовановски треба да се примат сериозно затоа што тој како учесник на партиски трибини на СДСМ и како кум на министерот за Евроинтеграции Никола Димитров има пристап до внатрешни информации од владиниот врв.

Тензиите меѓу Македонците и Албанците како најголемо малцинство во Макеоднија во јавноста се зголемија во последниве неколку недели откако за прв пат во историјата Албанците добија речиси 50 насто од највисоките владини функции а првиот вицепремиер Артан Груби најави дека приватните фирми ќе добиваат државни субвенции ако вработуваат Албанци, што беше демантирано од вицепремиерот од редовите на СДСМ Фатмир Битиќи.

Дали Јовановски мисли на овие тензии предизвикани од страна на ДУИ и СДСМ или зборува за други видови на операции засега не открива.

Во Македонија апсолутната политичка моќ и најголемиот број механизми со кои може да се влошат или да се смират меѓуетничките односи се во рацете на СДСМ и ДУИ.