Во Македонија опаѓа бројот на фарми, па така има и сè помалку овци, количините на млеко се намалуваат, а цената на млечните производи расте. Така овчото сирење веќе стигна 700, а урдата 350 денари за килограм. Сточарите се жалат дека трошоците за одгледување на овци се сè повисоки и ја надминуваат добивката, а младите масовно ги продаваат стадата и се иселуваат, анализира „Вечер“. Овој проблем во државата постои веќе 5-6 години, а државата нема стратегија за негово решавање. Поради тоа не е ни чудо што кашкавалот стигна до 1.000 денари за килограм, а цената на останатите млечни производи не престанува да расте.

Дека младите си заминуваат од државата потврдува и статистика, а стадата секоја година се намалуваат. Во државата има се помал број на фарми и се помалку овци, количините на млеко се намалуваат, а цената на млечните производи расте. Така овчото сирење веќе стигна 700, а урдата 350 денари за килограм. Сточарите се жалат дека трошоците за одгледување на овци се сè повисоки и ја надминуваат добивката, а младите масовно ги продаваат стадата и се иселуваат.
Овој проблем во државата постои веќе 5-6 години, а државата нема стратегија за негово решавање. Поради тоа не е ни чудо што кашкавалот стигна до 1.000 денари за килограм, а цената на останатите млечни производи не престанува да расте.

- – Бројот на овци драстично се намали последниве 5-6 години. Нема овци, нема доволно количини на млеко и сето придонесе да се качат цените на млечните производи. Цената на чистото овчо сирење без додатоци моментално е 500 денари, но ќе почне да се продава по 700, а урдата која сега е 200-250 денари ќе се продава за 300-350 денари за килограм, вели за весникот ВЕЧЕР, Митко Јанков претседател на здружението „Агроцентар“.
Според него, цените на млечните производи нема да престанат растат, бидејќи домашното производство на млеко се намалува, а младите не сакаат да работат и да продолжат со сточарството.

И сточарите од Брегалничкиот Регион најавија дека цената на сирењето кое го произведуваат во своите млекарници на бачилата ќе ја зголемат за 30 отсто најдоцна до 1 септември. Причините за зголемувањето на цената, според нив се немањето на работна сила, намалување на стадата, а и климатските промени си го направија своето.





