Половина од граѓаните на Македонија, поточно 52,3 проценти, веруваат во живот по смртта, покажуваат резултатите од истражувањето на „World values survey“ спроведено од 2017 до 2022 година.
Според овој параметар, Македонија се наоѓа на седмото место во Европа, зад неприкосновениот лидер Турција со 91,8 отсто, Босна и Херцеговина со 65,9, Полска со 64,2, Исланд со 58, Романија со 55,2 и Литванија со 52,6 отсто.
На дното во Европа во овој поглед се македонските соседи Албанија со 22,7 проценти и Бугарија со 25 отсто.






