ОПва го тврди професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, во својата најнова анализа која ја сподели на социјалната мрежа Фејсбук.



Тој изразува загриженост за квалитетот на оние кои завршуваат медицински студии и утре ќе треба да нѐ лекуваат.

Трајковски се навраќа на 2017 година кога на медицина дипломирале се на сѐ околу 110 студенти под претпоставка од 280 запишани во 2010/11 година, односно исто колку во 2017 година.

„Доаѓаме до 2022 година, кога во државата дипломирале 879 (!) студенти по медицина, а од овој број 333 „дипломирале“ на Тетовскиот државен универзитет, 298 во Скопје на УКИМ и 248 во Штип, на УГД. Имало најмногу дипломирани во однос на останатите факултети, па слободно може да се каже дека лекарите се нашите нови правници, коишто ќе го преплават бирото за вработување и ќе ја урнат платата на лекар на помалку од 30.000 денари. Нас, потенцијалните пациенти нека не нѐ загрижува нивната плата, но што е со квалитетот?

Дали некој сериозно верува дека од Тетово излегле повеќе доктори отколку во Скопје и дека биле достојни за звањето доктор? Веќе видовме дека најдобрите матуранти се запишале на скопскиот медицински факултет, а на сите останати – само она што преостанало. Јасно е каков ќе биде нивниот квалитет“, пишува професорот.

Тој заклучува дека дипломираните од скопскиот факултет најверојатно ќе заминат во странство, а нам ќе останат да нѐ лекуваат хиперпродуцираните кадри од Тетово и од Штип, пренесува Плусинфо

Трајковски во анализата наведува и интересна СПОРЕДБА

„Да видиме прво што е нормално. Во Америка дипломираат 8 на 100.000 жители годишно, а во Германија 12 на 100.000. Толку е нормално квалитетно да студираат и да дипломираат. Сега ќе видиме што НЕ е нормално. Во Македонија лани дипломирале 879 на 1,8 милиони жители, односно 49 (!) на 100.000 жители, четири пати повеќе отколку во Германија и 6 пати повеќе отколку во САД“, напиша професорот Трајковски.